Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика САД и Русија да го одржат ветувањето и да обезбедат курдските сили да се повлечат од пограничните области со Турција.
Реџеп Таип Ердоган тврди дека курдските борци и натаму се присутни во неколку области на северозападот на Сирија. Претседателот на Турција порача дека турските војници се на мета на курдските борци во Сирија и нагласи дека тие нема да бидат само надбљудувач на тие напади.
Новинската агенција „АП“ пренесува дека Ердоган ова го изјавил за време на втората заедничка патрола на турските и руските сили на североистокот на Сирија, после постигнатиот договор со Москва.

Ердоган порача дека курдските борбени единици ќе мора да се повлечат од местата како што било договорено во пресрет на примирјето.
Првиот човек на Турција на новинарите им нагласи дека допрва во текот на оваа седмица ќе одлучува дали ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп како што било планирано после нивниот телефонски разговор.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












