Адаптацијата на “The Witcher“ од Neflix, направена според романот на Андржеј Сапковскиј, ќе биде достапна на Netflix кон крајот на оваа година, најавено е денес со новиот трејлер кој не престанува да предизвикува реакции.
Ова е првиот поголем трејлер по тизерот кој Netflix го претстави летото на Comic Con. Воглавно се фокусира на односот на Гералд со другите ликови од сериајта, но покажува и некои нови и интензивни акциски сцени. Фановите на романот (и мегапопуларната франшиза) веднаш во трејлерот воочиле и сцена на оргии во позадина, во околу 29-та секунда.

Серијата во целост се базира на книгата иако фановите веќе во трејлерот воочиле референца на сцена од пофалуваниот RPG во кој Гералд лежи во кадата, а од која настанало и меме на интернет.
Лаурен Шмид Хисрич, најпозната по серијата “The Umbrella Academy“ изјавила:
„Тие одеа во една насока, ние всушност можеме во друга“ – изјавила и додала дека не сака да открива повеќе детали за првата сезона.
“The Witcher“ на Netflix ќе биде достапна од 20-ти декември.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















