Мирно седеле на масите, не насетувајќи што ги чека: Неколку секунди подоцна сите летнале во воздух

800

Безбедносните камери снимиле морничав момент кога автомобил влетал во ресторан за брза храна во Мароко, откако возачот ја загубил контролата над возилото поради пијанство.

Гостите мирно седеле на столчињата кога ги собрало „Hyundai“.

Масите и столиците летнале во воздух, но за среќа немало настрадани.

Биле повредени 9 лица и сите биле итно пренесени во болница. 5 од нив се пуштени на домашно лекување, а останатите се во стабилна состојба.

Возачот побегнал од местото на настанот, но полицијата вели дека им е познато лицето и дека во тек е потера по него.