Македонскиот модел Катарина Ивановска пред повеќе од една недела се породи и по вторпат се реализира во улогата на мајка.
Имено, Катарина и нејзиниот сопруг Цобе станаа родители на нивната ќерка за која го одбраа името Кира.
Една од подобрите пријателки на Кате, Тамара Тодевска прва ги обзнани вестите дека моделот стана мајка, а веднаш по породувањето беше организирана и прослава на која задолжена за атмосферата беше Тодевска.
Ивановска на социјалните мрежи ја сподели и првата фотографија од Кира, односно од нејзините мали нозе.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/КАТАРИНАИВАНОВСКА
Катарина во текот на целата бременост беше активна, но и активна е веднаш по породувањето. Имено, успеваме да ја фотографираме Ивановска како во опуштено и лежерно издание се шета низ центарот на Скопје, односно ја шета ќерка Кира.

Во краток шорц, кошула и без шминка, Ивановска заедно со ќерката Кира излезе на прва прошетка , а моделот ретко може да ја видиме во вакво издание.

Ако судиме по фотографиите, Ивановска изгледа одлично и е во одлична форма по породувањето, но во една прилика таа истакна дека не се здебелила многу во текот на бременоста. Таа ја откри и тајната за нејзината витка линија односно откри дека има брз метаболизам, не јади грицки меѓу оброците и дека физички е активна.


За потсетување, Катарина и Цобе веќе го имаат и синот Вања.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











