Независно дали е на писта, вечерно излегување со пријателите, на прошетка низ град… Катарина Ивановска изгледа секогаш како „авион“ на писта.
Иако е во поодмината бременост, за нашата македонска убавица тоа не е пречка постојано да биде активна, дури и на вечерни излегувања.
ФОТО:ИНСТАГРАМ/КАТАРИНАИВАНОВСКА
Со својата харизма, шарм, несекојдневна убавина, а исто така и со стајлинзите кои ги носи, Катарина несомнено е во фокусот на вниманието.
ФОТО:ИНСТАГРАМ/КАТАРИНАИВАНОВСКА
Ретко чиј поглед не би се свртил кон неа, особено сега кога е бремена и стилизирана како милион долари. Изминатиот викенд таа заедно со друштво беше во еден скопски бар каде се појави облечена во креација на дизјнерот Игор Марков – луксузна и впечатлива креација за храбри жени, баш како неа.
ФОТО:ИНСТАГРАМ/МАРКОВ
Белиот елек со црвени пердуви како детаљ под кој облече бела макси кошула, ги истакна нејзиниите долги нозе, а пак стомачето речиси и да не се забележуваше.
ФОТО:ИНСТАГРАМ/МАРКОВ
Катарина разбирливо секогаш има полн моден погодок на себе, но овој пат едноставно остави воздишки зад себе!















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















