Ракометрите на Магдебург, каде што во следната сезона ќе игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, се наоѓаат на подготовките во местото Ашерслебен и веќе го одиграа првиот пријателски дуел.
Натпреварот против Лајпциг се играше два пати по 20 минути. На десетина секунди до крајот, при резултат 13-13, голманот на Магдебург одбрани пенал, па тренерот викна тајм-аут. Беше договорена акција за нашиот бек и тој во последната секунда го погоди голот на ривалот за конечни 14-13. Почеток каков што само можеше да посака битолчанецот.
Следен пријателски натпревар, Магдебург ќе одигра на 23 јули против Хутенберг.
Погледнете го проектилот на Кузмановски за победа…















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















