„Проблемот со Ѓоковиќ е што луѓето чувствуваат дека не е природен со однесувањето…“

815

Неколку дена по финалето на Вимблдон, сите и натаму зборуваат за Новак Ѓоковиќ. Повеќето коментари се позитивни, но има и такви кои и покрај победата, имаат негативен впечаток од српскиот тенисер.

Познатата водителка на „Еуроспорт“, Барбара Шет, вели дека Србинот не е „доволно природен“ во однесувањето и тоа навивачите го чувствуваат.

„Причината поради која Роџер доби повеќе аплаузи на Вимблдон од Новак е тоа што српскиот тенисер не е доволно природен во своето однесување. Како на крајот, кога јадеше трева. Сето тоа изгледа толку исценирано, па публиката го чувствува тоа. Новак никогаш не го прави тоа како Роџер, секогаш остава горчина кај навивачите.

Кога Ѓоковиќ ќе биде на крајот на кариерата ќе биде поинаку. Тогаш ќе има повеќе навивачи. Таков беше случајот со Конорс и Мекинро“, изјави Шет.

Мнозинството од фановите на централниот терен беа против првиот светски рекет, но и покрај тоа, тој успеа да излезе како победник и се израдува на трофејот втора година во низа.