Авион eдвај слетал во Скопје, патниците кажувале молитиви!
Вкупно пет неуспешни обиди имал авионот кој се обраќал на релација Истанбул-Скопје, да слета на скопскиот аеродром. Тој кружел над македонското небо, но не успеал да слета поради невремено, дознава „Скопје1.мк“.
Патниците биле вознемирени, во авионот настанала паника и вриштење. Авионот бил на превозникот „Турkиш ерлајнс“, а во него, дел македонската делегација која учествуваше на конференцијата од УНЕСКО во Баку, меѓу кои, градоначалникот на Охрид. Еден час траела драмата со слетувањето, а искуството било ужасно, сведочи еден од патниците за „Скопје1.мк“.
-Пиштење, молитви, плач! Тоа се слушаше во авионот кој точно пет пати направи обид да слета на аеродромот во Скопје, но не успеа. Се тресеше целиот авион, деца плачеа, а потоа почнаа да плачат и возрасните. Траорно и ужасно беше, а патниците гласно викаа и прашуваа зошто се случува сето ова и зошто не слета авионот во Охрид“, вели патник во авионот за „Скопје1.мк“.
-Доколку невремето било главен проблем да авионот не слета во Скопје, се поставува прашањето, зошто не бил пренасочен да слета на охридскиот аеродром? Јавноста легитимно бара одговор, дали е безбедно македонското небо? Зошто се дозволило авионот да врти наоколу и да ја загрозува безбедноста на патниците, кога праксата од изминатите години покажува дека кога не може во Скопје, авионите слетуваат во Охрид? Јавноста во Македонија е шокирана со аферите за набавката на радари и „бомбите“ кои се објавија, како и аферата за избегнат судар на македонското небо, и затоа повторно се отвора прашањето каква е безбеднста на авио сообраќајот, пишува порталот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











