Летната забава на плажа за жал има и негативен ефект врз нашата убавина. За да го намалиме тој ефект, најчесто ставаме крем со заштитен фактор на кожата, но забораваме да ја заштитиме косата. По топлите денови поминати под сонцето и во допир со солта и хлорот од водата, косата станува сува, кршлива, без сјај, со еден збор – безживотна, вели Софија Стојчевска од салонот за убавина и нега „Бјути бар“
Доколку и вие се забавувавте безгрижно под силното сонце, сега ќе треба да се соочите со предизвикот за обновување на вашата коса и за враќање на нејзиниот сјај и природната влажност. За да ви помогнеме, еве неколку совети кои ќе ве донесат поблиску до целта:
- Потстрижете се. Што и да правите, какви и скапи продукти и да користите, нема да можете да ги „излечите“ расцветаните врвови на косата. Под дејство на сонцето косата побрзо се оштетува и пука, па кога ќе се вратите од долгоочекуваниот летен одмор, закажете си термин кај вашиот фризер. Доколку не сакате голема промена, потстрижете ги само оштетените врвови, затоа што тие како вирус се шират нагоре по влакното и прават вашата коса да изгледа неуредно.
- Не ја мијте косата секој ден. Додека бевте на одмор, сигурно ја миевте косата секој ден, можеби и по неколку пати. Сега дајте ѝ одмор од силните шампони и мијте ја секој втор ден или ако можете и поретко. Така ќе ја зачувате нејзината природна влажност, бидејќи нема да ги измивате природните масла што се лачат од скалпот на главата.
Најдобриот начин да внесете блесок во вашата коса е да користете ампули за коса при секое миење или барем еднаш неделно.
Квалитетни ампули за коса кои што после само едно миење веднаш го враќаат сјајот можете да најдете во „Бјути бар“ .
