Актуелниот европски првак Вардар потпиша двегодишен договор со Кугис Артурс (26), репрезентаивец на Летонија кој доаѓа од екипата на Гросвалштат. Сезонава Артурс одигра 35 натпревари за Гросвалштат, а со репрезентацијата на Летонија избори пласман на ЕП 2020 година.
Артурс беше особено забележителен во квалификациите за ЕП 2020 година, и неговите одбрани беа одбележани и од страна на ЕХФТВ по натпреварот со Словенија. Првпат Летонија избори место на ЕП, тој е соиграч на вардарецот Даинис Криштопанс.
Вардар во втората половина на јули ќе ги почне подготовките за новата сезона, а сигурно е дека на крајот на август треба да настапи на Супер Глоуб каде ќе се обиде да стигне и до титулата на неофицијалното клупско Светско првенство.
Пред да пристигне Артурс, со трансфер во Вардар се поврзуваа Никола Портнер, Филип Ивиќ и Мохамед Хендави.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















