Легандарната балканска ѕвезда Здравко Чолиќ денеска наполни 68 години. Миленикот на женската публика едноставно не старее и неговиот шарм не избледува, а тоа го докажува и фактот што неговите концерти се преполни со жени од сите генерации.
Инаку, скоро никој не знае како изгледа сопругата на Чола, како и неговите две ќерки Уна и Лара, што пејачот ги има од бракот со Александра.
Како таа успеала да го улови најголемиот заводник во Југославија, Здраво објасни во интервју:
– Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно. Се запознавме во Макарска. Александра студираше во Белград, па продолживме да се гледаме, а подоцна почнавме и врска. Ме освои со својата едноставност и приврзаност. Ми се посвети, мисли на мене, се грижи со мене- раскажа пејачот за својата сопруга со која е во брак од 2001 година.
Чола е и посветен татко на две тинејџерки.
– Родителството е сериозна улога, ќерките се добро, сѐ уште на училиште, и во период сме на училишни обврски, со кои сопругата повеќе се занимава отколку јас. Тинејџерки се, но ограничувањата мора да се знаат. Јас сум малку попопустлив, но жената е секогаш столб на куќата, така било некогаш, така ќе биде и сега. Не сум строг родител и тоа ми е единствен проблем. Денеска средината повеќе влијае на децата и младината отколку на домот. Ако сега поставите исправна граница, еден ден децата ќе ви бидат благодарни- раскажа тој.
Здравко Чолиќ на 15-ти јуни во Скопје ќе пее во Национална арена „Тоше Проески“.
Извор: Женски магазин









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)














