Последната епизода од „Игра на тронови“ беше прикажана ноќта помеѓу недела и понеделник, а реакциите на фановите и критиките се измешани. Повеќе од милион незадоволни фанови потпишаа петиција со која бараат повторно снимање на осмата сезона, а Софи Тарнер која ја глумеше Санса Старк вели дека не ја изненадила таквата реакција.
Таа истакнува дека барањата за повторно снимање на осмата сезона се омаловажувачки и дека претставуваат непочитување на екипата која макотрпно работеше на оваа сезона.
„Луѓето секогаш ја имаат идејата во глава дека сакаат серијата да заврши, а во случај крајот да не им се допадне почнуваат да зборуваат за тоа и да се бунат“ – изјавила Софи Тарнер.
Софи петицијата ја окарактеризира како непочитување, критикувајќи ги фановите кои бараат повторно снимање на осмата сезона од серијата „Игра на Тронови“. Петицијата која е покрената на сајтот Change до сега има повеќе од 1.3 милиони потписи, а авторите на оваа серија ги опишуваат како некомпетентни.

„Петицијата и сличните работи се непочитување на екипата, сценаристите на филмот и филмските соработници кои повеќе од 10 години неуморно работеа на оваа серија. Последната сезона ја снимавме 11 месеци. Толку многу луѓе работеа неуморно, а за некои тоа е ѓубре затоа што видоа крај каков што не посакуваа. Тоа е непочитување“ – изјавила Софи.

Наспроти измешаните реакции на фановите и негативните критики сепак последната епизода под наслов „The Iron Throne“ постигна рекорд по број на прегледи, 19,3 милиони пати на сите платформи (вклучувајќи ги HBO GO и HBO Now) надминувајќи ја гледаноста на претходната епизода која има 18,4 милиони прегледи.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











