Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, предложи да се одржат предвремени избори за Националното собрание кое го контролура опозицијата на чело со амопрогласениот претседател Хуан Гуаидо.
Опозицијата освои мнозинство во парламентот на крајот од 2015 година, а следните парламентарни избори треба да се одржат кон крајот на 2020 година. Мадуро не го прецизираше точниот датум за одржување на новите избори, а тој претходно изјави дека тие би можеле да се одржат пред предвидениот датум.
,,Зошто не одговараат на мојот предлог”, изјави Мадуро во однос на неговата понуда за опозицијата, која бара негова оставка и формирање на преодна влада пред да се одржат избори.
Во говорот на свеченоста по повод одбележувањето на годишнината од реизборот на шеф на државата, Мадуро изјави дека ,,треба да се даде легитимитет на една институција (парламентот), којашто не е легитимна во последните пет години”.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

