Феникс Санс го отпуштиле Кокошков

885

Игор Кокошков повеќе не е тренер на кошаркарите на Феникс Санс, објави новинарот на „ЕСПН“ Адријан Војнаровски повикувајќи се на свои извори. Кокошков, една сезона мина на клупата на тимот од Аризона.

Војнаровски пишува дека во клубот долго размислувале дали да му овозможат уште една година на тренерот, бидејќи тимот во финишот на сезоната играл добро. Новинарот заклучува дека Кокошков е „ценет тренер, одличен тактичар, но дека е жртва на промените во Феникс“.

Челниците на Феникс на местото на Кокошков ќе се обидат да го донесат помошникот во стручниот штаб на Филадлефија Монти Вилијамс, за чии услуги се заинтересирани и ЛА Лејкерс.