Актерот Рајан Рејнолдс изминатите денови ги помина снимајќи го филмот „Aviation Gin“ во Хрватска, со колегите Селма Хаек и Самуел Л. Џексон, а сега му се придружила и сопругата Блејк Лајвли.
Фотографиите од Хрватска со познатата сопруга ги споделил на својот Инстаграм профил. Деновите ги искористиле за да ги посетат знаменитостите на Хрватска.
Познатиот пар сака да патува, но и да објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Да потсетиме, филмот „Aviation Gin“ е продолжение на приказната „The Hitman’s Bodyguard“, а се снима во Ровињ и Загреб во април и мај.
„Тоа е тоа за мене засега. Беше убаво да се работи со вас“, напишал Рајан покрај фотографиите со Селма Хаек и Самуел Л. Џексон.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















