Лизи Веласкез уште кога била родена не изгледала како сите други деца. На раѓањето имала само 900 грама и веднаш се знаело дека нешто не е во ред.
Уште како бебе добила морничава дијагноза – Марфанов синдром, состојба поради која телото не може да добие ниту да задржи килажа. Покрај тоа што е исклучително слаба, таа старее побрзо од другите и е слепа на едното око.
Поради карактеристичниот изглед, децата ја навредувале откако знае за себе. Тогаш зборувале дека е најгрдото девојче на светот.
Децата во лице ѝ кажувале дека е „одвратна“. Таа во интервју за британскиот Дејли Меил рекла дека „како мала не сфаќала дека се разликува од врсниците“ и дека мислела дека сите изгледаат како неа. Работите се влошиле кога на 16 години направила профил на интернет. Таму потполно непознати лица ѝ пишувале дека е грда и дека „најдобро е самата да си го одземе животот“.
Видеото во кое ја навредувале станало многу гледано, а таа паднала во депресија.
Ја искористила популарноста со која се здобила на Јутјуб и ја свртела во своја корист. Таа денес е прочуена мотивациона говорничка и гордо го покажува својот нов изглед.
Кога ќе го слушнете нејзиниот говор, ќе ви биде јасно како на сите им ги „затнала“ устите и рекла дека не се плаши од својот изглед, бидејќи тој ѝ дал смисла за животот – да им помага на сите оние кои некој ги исмејува и да им покаже дека имаат сила да бидат среќни.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



