Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши својот настап на првиот Мастерс во сезоната откако во третото коло доживеа пораз од Филип Колшрајбер со 0-2 (4-6, 4-6).
Натпреварот требаше да се одигра во понеделникот, дури и почна, но беше прекинат во вториот гем поради дожд. Синоќа на Ѓоковиќ не му одеа многу работи, делуваше исрцпен и без енергија и тоа беше еден од неговите најлоши натпревари во последната година. Колшрајбер го реши првиот гем благодарение на брејкот во седмиот гем, а во вториот имаше два брејка предност пред Ѓоковиќ да врати еден од нив.
Сепак, тоа не беше доволно и германскиот тенисер обезбеди пласман во осминафиналето каде ќе игра против Гаел Монфис. Ѓоковиќ ќе има две недели одмор пред вториот Мастерс што се игра во Мајами.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















