Шлаканица за Америка на Путин: Русија дефинитивно го напушта договорот за ликвидација на ракети

887

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпишал указ за прекин на почитување на договорот меѓу СССР и САД за ликвидација на ракетите од среден и краток дострел.

Русија ќе го сопре извршувањето на Договорот за ракетите со среден и краток дострел се додека САД не престанат со кршењето на обврските од истиот, или до прекинот на неговото дејство, се наведува во соопштението на прес-службата на Кремљ.

“Одлучувам да се прекине имплементацијата на Договорот меѓу СССР и САД за ликвидација на нивните ракети со среден и краток дострел од 8-ми декември 1987-ма година, се додека САД не престанат со своето кршење на обврските од наведениот Договор или до прекинот на неговото дејство”, стои во документот.

Последните години Москва и Вашингтон редовно меѓусебно се обвинуваат за нарушување на Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток дострел.

Главниот приговор на САД е ракетата 9M729. Истовремено, Русија неколку пати изјавувала дека строго се придржува на своите обврски од Договорот. Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакнувал дека Москва има многу сериозни прашања за САД во врска со реализацијата на Договорот од страна на самите Американци. Лавров рекол дека американските обвиненија дека Русија го крши Договорот се неосновани и дека ракетата 9M729 е тестирана на дострел дозволен со Договорот.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопштил претходно дека Вашингтон на 2-ри февруари започнува процедура за повлекување од Договорот за ликвидација на ракетите. Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјавил дека ако Русија не се врати на целосно почитување на Договорот во рок од шест месеци, истиот ќе биде раскинат.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на 2-ри февруари изјавил дека Русија реципрочно ќе одговори на одлуката на САД за повлекување од Договорот и исто така ќе го сопре своето учество во Договорот. Шефот на државата истакнал дека Русија не е должна и нема да се вовлекува во скапата трка за вооружување. Притоа Путин додал дека сите предлози на Русија за разоружување остануваат на маса, а вратата отворена за преговори.