Годинешново осмо издание на Струмица опен фестивал ќе трае од 9 јуни до 18 август, соопшти организаторот Културен-забавен живот. Оттаму додаваат дека од неколкудневни музички концерти во првите години од неговото одржување, денес Фестивалот прераснува во Струмичко културно лето со десетнеделна програма.
Бесплатните настани ќе се одржуваат на повеќе отворени локации во Струмица и околината.
-Осмото издание на Струмица опен фестивал ќе понуди над 30 настани распоредени во три месеци. Новитет за годинава е поголемиот акцент на спортско-рекреативните активности во соработка со локалните спортски клубови. Дел од настаните ќе имаат натпреварувачки карактер, а дел остануваат како повеќегодишна традиција за нашиот фестивал“, информираат од Културен-забавен живот.Културно-уметничката и музичка програма ќе опфати класична, џез, рок, поп, хип-хоп и електронска музика. Се најавува присуство на над 30 домашни и странски музички ѕвезди за сите вкусови.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















