Скандалозно однесување на Бејл: Велшанецот лут на цел свет

752

Герет Бејл синоќа му донесе победа на Реал од пенал откако главниот судија Игнасио Вилануева покажа на белата точка за скандалозната глума на Каземиро.

Исто така се однесуваше Бејл откако постигна гол, не прослави со ниеден соиграч, а го оттурна од себе Лукас Васкес кој се обиде да го прегрне. Шпанските медиуми веднаш распалија по него што и не е изненадување ако се знае дека не го „мирисаат“ многу велшкиот репрезентативец.

Бејл е лут на целиот тим, не комуницира со никого, а за тоа ги обвинува соиграчите затоа што сите работи од соблекувалната ги изнесуваат надвор. Марсело неодамна откри дека тој не знае ништо на шпански јазик, дел од тимот го нарекува голфер бидејќи постојано игра голф во својот двор, а на неодамнешната вечера на клубот не се појави со образложение дека си легнува во 23 часот. И покрај се, Бејл не сака да си оди од Реал затоа што има цврст договор за годишна плата од 15 милиони евра. По заминувањето на Роналдо се покажа дека тоа се залудно фрлени пари