По тешката сообраќајка, Шабан Шаулиќ сам излегол од автомобилот

942

Според неофицијални информации, популарниот пејач Шабан Шаулиќ, кој го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во понеделникот, сам излегол од автомобилот и влегол во возилото на брзата помош. Меѓутоа, од ударот му пукната срцевата аорта, а поради компликациите починал во болница. По обдукцијата која ќе се изврши во четврток ќе бидат познати повеќе детали, пренесува порталот „Курир.рс“.

Кралот на народната музика, како што го нарекуваа медиумите, настапи во дискотека во Германија, ги забавувал гостите до доцна во ноќта, а неколку часа по заминувањето од клубот, загина на патот до аеродромот.

Неговата постара ќерка Санела, која замина во Германија за да го преземе телото на татка си, рекла дека тој никако не смее да биде погребан на 21 февруари затоа што тогаш и’ е роденден.

Првичниот план бил комеморацијата да се одржи во четврток, но веднаш стана јасно дека испраќањето на кралот на народната музика не може да се одржи на тој ден.

Санела, штом закрепна од најстрашниот шок во својот живот, и’ кажа на мајка си да го прескочи тој ден. Не сака да го памети роденденот по најтажниот миг во животот“, открил за „Курир.рс“ извор близок на семејството.

Санела Шаулиќ со сопругот Зоран Мирковиќ