снег во текот на неделата
Скопје, 28 јануари 2019 (МИА) – Облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините во снег ќе преовладува во текот на оваа недела. Од четврток поради заладување врнежите на повисоките и на некои пониски места ќе преминуваат во снег, а во одделни котлини ќе има услови за магла.
За денеска синоптичарите најавуваат променливо време со подолги сончеви периоди претпладне, а веќе од попладне се очекуваат врнежи од дожд во западните делови и снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Во текот на ноќта, врнежите ќе се прошират и во останатите делови, но ќе имаат послаб карактер. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно со слаба магла претпладне, а преку ден ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе врне дожд. Максималната температура ќе достигне до пет степени.Утринава најстудено е во Петровец кај Скопје каде во 07:30 часот се измерени -10 степени, а најтопло во Дојран каде температурата е два степена.










![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)

















