Фабио Капело кој на теренот освои две Скудета со Јувентус, се осврна на одлуките од „Калчополи“ со која онаа титула од 2005. остана недоделена, иако одземена на Јувентус, додека онаа од 2006. година замина во рацете на Интер.
Неодамна Апелациониот суд одлучи дека првичната одлука останува, но Јувентус сега оди во Лозана на арбитража.
„Тоа доделување на титулата на Интер која ние ја освоивме е смешно, делува баш како шега. Гвидо Роси кој одлучуваше постапи лошо, изгледа дека баш му се бразше. Не ги почитуваа ни доказите, ни истрагата“, вели Капело.
Целата ситуација заврши брзо, Роси, кој бил вработен во Телеком, еден од спонзорите на Интер, понуди снимки за неоспорливата вмешаност на Лучијано Моџи и притисокот врз судиите, но доказите се тргнати, односно списите од разговорите во кои истите работи ги правел и починатиот претседател на Интер Факети.
Јасно, тоа сето исплива на виделина подоцна, но федерацијата соочена со нови докази се огласи за ненадлежен за враќање на титулите и нова истрага бидејќи минале пет години.
Проблем не се титулите, туку фактот дека Јувентус следното лето бараше надоместок од половина милијарда евра поради исфрлањето во Серија Б, но и нарушување на угледот.
И покрај доминацијата во оваа деценија, во Јувентус не се откажуваат од споменатите титули и понатаму се обидуваат на сите начини да го обноват процесот и доказите повторно да ги стават пред обвинителите.













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















