Селото UN17, претставува прв градежен проект во светот кој ќе ги оствари сите 17 цели на одржливиот развој пропишани од страна на Обединетите Нации. Неговиот идеен творец е архитектонското студио „Лендагер група“ од Данска.
Студиото „Лендагер“ победи на натпреварот во чест на 25 години од развојот на новиот кварт во Копенхаген (Ørestad South), каде всушност ќе биде направено ова село. Изградбата на UN17 би требало да биде завршена во 2023 година. Станбените капацитети на данската престолнина ќе се зголемат за нови 400 домови на површина од 35.000 квадратни метри.


Целта на проектантите е селото да биде повеќектарно одржливо – од перспектива на заштита на животната средина, оперативните трошоци, социјалните аспекти, микроклимата во објектите, биодиверзитетот и сл. Градежниот сектор е одговорен за повеќе од 30% од глобалната продукција на гасови со ефект на стаклена градина. Овој проект покажува дека е можно да се смени аголот од кој се гледа проблемот, односно отпадот да се прифати акко ресурс. Имено, во градбата на ова село ќе бидат користени рециклирани, нетоксични, сертифицирани материјали. Покривите ќе имаат соларни панели, а градините на покривите ќе ја подобрат биоразновидноста.
Основачот на компанијата, Андерс Лендагер, објаснува дека преку својот проект настојуваат да им пружат на граѓаните прилика за одржлив животен стил. „Досега фокусот на одржливата градба беше на намалувањето на емисиите на штетни гасови. Ние го набљудуваме целиот животен век на една градба – од употребените материјали, па до здравјето на станарите и квалитетот на живот.“










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












