Гостиварецот кој е осомничен за убиството во Кичево што се случи на 29 декември, три дена подоцна, на 31 декември, физички нападнал и се обидел да силува вработена во обложувачница во Струга, заедно со уште едно лице – албански државјанин.
СВР-Охрид соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела силување во обид и разбојништво во обид, полицијата до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Х.Ј. (47) од гостиварското село Ќафа и М.Р.(25) од Пеќин, Република Албанија.
„Казненото дело го извршиле на 31 декември минатата година околу 18 часот, во спортска обложувалница лоцирана на улицата Пролетерски бригади во Струга. Откако заминале сите присутни во обложувачницата, двајцата пријавени физички ја нападнале вработената К.М.(38) од Струга, а потоа и го барале клучот од касата“, соопштија од полицијата.
На пријавениот Х.Ј., на втори јануари оваа година, му беше одреден притвор во траење од 30 дена за убиство извршено на 29 декември минатата година во угостителски објект во Кичево.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











