Богатата наследничка Стефани Сколаро се нашла пред суд поради обвинение за шверц на капи и торби направени од питонова кожа. Признала дека капите и торбите ги увезувала во Велика Британија, а потоа ги препродавала.
26-годишната Стефани производите ги продавала преку својата интернет страна, како и преку Инстаграм, каде ја следат 80.000 луѓе.
Таа е ќерка на италијански рударски тајкун, се претставува како модел за костими за капење, а живее во луксузен стан во центарот на Лондон.

Спорните производи ги продавала на мрежа богати купци. Ги нарачувала од Индонезија, а потоа ги продавала во Велика Британија.
Ја фатиле кога германските цариници заплениле еден пакет со роба во кој имало 35 капи и торби, а после тоа полицијата почнала да го прегледува нејзиниот профил на Инстаграм, каде се сликала со спорните производи.

Ја признала вината за увоз на забранета роба и продажба на производи направени од загрозени животински видови. По читањето на обвинението, била ослободена со кауција.
Судењето би требало да се одржи следната година, а доколку ја прогласат за виновна, и се заканува казна во траење од седум години.

















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















