Тамара Тодевска повторно стана мајка, се роди Дарен!

929

Пејачката се пофали на социјалните мрежи и им испрати бакнеж на фановите

Пејачката Тамара Тодевска стана мајка и на свет го донесе Дарен. Среќната вест ја сподели на социјалните мрежи каде напиша:

Пред точно саат време се роди нашиот Дарен, Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неопислива љубов. Ви испраќаме безброј бакнежи, стои во постот на пејачката.

Ви благодарам многу за убавите желби и честитки, породувањето помина супер, се чувствувам добро, добар е и Дарен и цел е на мене, многу сум среќна и возбудена. Уште сум под импресии и седативи, полупоспана, но задоволна, рече пејачката.

Честитки пристигнуваат и на нејзиниот Инстаграм профил, а објави и фотографија со малиот наследник.