Германците остро по францускиот претседател: “Љубовното писмо од Макрон до Французите ќе го платат Европејците”

790

Германските медиуми немаат разбирање за попуштањето на францускиот претседател Емануел Макрон пред “жолтите елеци” и предупредува дека ЕУ ќе мора да ја плати неговата љубовна порака за Французите.

Францускиот претседател ги разбрал барањата на бесниот народ, а “Zeit” истакнува дека Макрон во “жолтите елеци го препознал тоа што тие навистина се” – најголема опасност за неговиот мандат.

Весникот потсетува дека истражувањето покажало дека три четвртини од Французите сметаат дека протестите се легитимни, што би можело да биде рекордна поддршка, како и дека “жолтите елеци” се многу популарни.

“Spiegel” наведува дека Макрон победил токму поради масовното незадоволство на Французите, но дека незадоволството сега се врти против него.

“Тој сега е во позицијата во која пред него веќе беа многу претседатели – попушти под притисокот на улицата. Тоа веројатно, ќе предизвика проблеми со Брисел, бидејќи мерките кои ги најавил чинат многу милијарди”, наведува овој неделник.

Весникот сугерира дека Франција тешко ќе ги исполни критериумите не ЕУ, според кои задолжувањето во буџетот не смее да биде поголемо од три проценти, а тоа со голем интерес го следи и Владата на Италија, која е веќе во судир со Унијата поради преголемите издатоци, што посебно Макрон ги критикувал.

“Die Welt” нагласува дека, и покрај попуштањето на претседателот, дел од демонстрантите ќе останат незадоволни, бидејќи ништо, никакви мерки, премии, ни намалување на даноците не може да го ублажи нивниот бес. Тие сакаат да го урнат Макрон.