Американска подморница влегува во руска база и го спасува Путин? Рускиот претседател за холивудското сценарио: Нема шанси!

779

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рекол дека е малку веројатен настанот кој е опишан во американскиот филм “Hunter Killer” – Американците го спасуваат рускиот лидер.

На прес конференцијата по самитот Г20 во Аргентина, на Путин му било поставено прашањето за филмот. Новинарот го раскажал краткото сиже на филмот во кој американската подморница влегува во воена база на Арктикот за да го спаси рускиот претседател.

“Во нашата база влегува американска подморница?”, прашал Путин и додал: “Малку веројатно сценарио, фикција”.

“Два мали чамци кои САД им ги подарија на Украинците не минаа низ Керчкиот мореуз, а ти сакаш американска нуклеарна подморница да влезе во нашата база! Лош филм”, рекол Путин, одмавнал со раката и предизвикал смеа меѓу присутните.