Општина Карпош во соработка со СВР Скопје почнува да поставува нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација низ сервисните улици во урбаната заедница Карпош 4.
Како што соопшти општина Карпош, целта е да се обезбеди полесен проток на сообраќајот и да се намали сообраќајниот метеж пред Трговскиот центар „Сити мол“.
– Овие промени се прават врз основа на сообраќаен проект за промена на режим на сообраќај на овој потег од општина Карпош. Така ќе се намалат проблемите во соообраќајот во овој фреквентен дел на Карпош, коj всушност претставува тесно грло и кое предизвикува метеж во повеќе периоди од денот, се вели во соопштението од општина Карпош.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















