Сите лица кои ќе добијат пораки на „Вибер“ во кои се наведува дека се добитници во лотаријата наречена „Вајбер меѓународна програма за наградување“ (VIBER International balloting award programme) не треба да ги следат инструкциите од пораката и треба да ја избришат истата затоа што тоа е измама.
Измамниците ги наведуваат потенцијалните жртви да им праќаат информации пишувајќи им дека се победници на лотарија која всушност не постои. Штом ќе ги добијат информациите, тие од потенцијалните жртви ќе побараат и пари за да можат да ја добијат наградата од измислената лотарија.
Но, штом измамниците ќе ги добијат информациите од потенцијалната жртва, тие истите ќе ги испратат на други измамници, кои постојано ќе ѝ пишуваат на жртвата во обид да ја измамат. И ако потенцијалната жртва им испрати пари на измамниците, тие ќе ги земат и ќе исчезнат, оставајќи ја жртвата оштетена.
Кај нас истот така ланците маркети КАМ и Тинекс уште пред недела дена апелираа дека нивните имиња се искористуваат за лажна наградна игра.
Тие предупредуваат дека се работи за интернет измама, во која се бара да ги внесете вашите податоци и сметки.
И двете компании презеле мерки за законски мерки и чекори за заштита во соработка со надлежните институции.