– Со вода за пиење кавадарчани си ги ладат казаните за печење ракија, за 60 литри во секунда е зголемена потрошувачката на вода во Кавадарци.
Оваа информација за МИА ја потврди Бојан Атанасов, раководител на работната единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец”.
– Вообичаената потрошувачка на вода ни е 180 литри во секунда. Сега, кога во полн ек е печењето на ракија во нашиот крај, потрошувачката е 240 литри во секунда, појасни Атанасов.
Стручњаците велат дека при дестилација на ракијата, неопходно е ладење со вода, на дестилациските колони од кои излегува алкохол.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















