Во засолниште со муниција на Министерството за одбрана на Украина, 176 километри источно од Киев, рано изутринава дојде до експлозија и пожар, поради што се евакуирани околу 10.000 луѓе, соопштиле официјалните лица.
До експлозија дошло рано наутро пред 03:30 часот во засолниште со муниција во регионот Чернигов, после што изби пожар, соопшти Генералштабот на украинските вооружани сили, пренесува Тас с.

Засега нема податоци за евентуални жртви и не е јасно дали станува збор за саботажа или до експлозијата дошло сосема случајно, пренесува Ројтерс, кој наведува дека избиле повеќе експлозии.
#Ukraine ammo depot explosion near #Chernihiv pic.twitter.com/eQqKlcg0Jd
— Aijaz (@anaijaz) October 9, 2018
Од 04:22 часот по локално време, воздушниот простор на Украина е затворен во круг од 20 километри од засолништето, додека копнениот и железничкиот сообраќај е во застој, соопштува службата за вонредни ситуации.

Стотина лица се распоредени на лице место, се наведува во соопштението, а таму се упатил и началникот на вооружаните сили.
Британската агенција потсетува дека изминатите години забележани се повеќе големи пожари во засолништата со муниција и оружје во Украина и напоменува дека украинската војска се бори против проруските активисти на истокот на земјата од 2014 година.

Се потсетува дека и минатата година, поради експлозии од големи размери во воените засолништа во региониот Виницја, 270 километри од Киев беа евакуирани 24.000 луѓе.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












