Лионел Меси стана најдобар стрелец на мундијалите со двата погодоци кои ги постигна против Австрија, но покрај историскиот рекорд кој го собори на Мирослав Клосе, аргентинскиот капитен во неверојатниот меч поставил уште три импресивни достигнувања.
Гинисовата книга на рекорди не остана рамнодушна на фудбалскиот мастерклас кој го имаше Меси против Австрија, без оглед на тоа што Лео натпреварот го стартуваше со промашен пенал.
Меси самиот призна дека посебно се налутил за пенал утката и тоа го инспирирало да биде уште подобар во продолжение, а покрај двата гола кои направија да стигне со 18 погодоци и да постави нов апсолутен рекорд по постигнати голови на мундијалите, Гинисовата книга откри уште три рекорди кои биле урнати во истата ноќ во Тексас.
Лео стана играчот со најмногу одиграни натпревари на мундијалите и стигна до бројката од 28, исто така стана играчот со најмногу остварени победи на Светските првенства (18), а од вчера е играч со најмногу одиграни минути на мундијалите (2489).
– Сведочиме на историја, – гласи завршната порака на Гинисовата книга под објавата за четирите рекорди.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



