Министерството за внатрешни работи се огласи со првични информации за трагичниот настан во скопска Кисела Вода, каде при ископ за земјиште за зграда, затрупани се градежни работници.
Пријавата во полиција пристигнала денеска во 08:17 часот, според која на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.
-Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.
Во координација со ЦУК и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице.














![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















