Матас Бузелис претставува еден од најталентираните млади кошаркари во NBA.
Младиот литванец е родум од Чикаго и прераснува во вистинска гордост на “ветровитиот град”. Избран како висок 11-ти пик на драфтот 2023 година, веднаш по неговото пристигнување беше повеќе од јасно за колкав потенцијал станува збор. Оваа сезона го дуплираше својот просек на постигнати поени по натпревар (од 8 на 16) а во вториот дел од првенството просекот му беше 21+. Процентот на шут е над 40% а има напредок во сите статистички категории. Во дефанзивниот дел од теренот подеднакво е ефективен со 1.5 блокади по меч.
На 11-ти Март годинава против Голден Стејт Вориорс постигна 41 поен со што стана најмладиот играч во дресот на Чикаго Булс по единствениот Мајкл Џордан на кого тоа му пошло од рака. Она што најмногу влева оптимизам кај челните луѓе во организацијата е зрелоста со која што настапува ова 21 годишно момче.
Уживајте во најубавите моменти на Бузелис од оваа сезона.
NBA FAN
Димитар Младеновски













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)




















