AC Milan Junior Camp доаѓа во Скопје

389

Со задоволство го најавуваме AC Milan Junior Camp, кој ќе се одржи на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 10 до 14 јуни 2026 година.

Одлична можност за младите фудбалери да тренираат со тренери на AC Milan и да се запознаат со нивната методологија на работа. 

Што нуди кампот:

– Тренинзи според AC Milan методологија
– Развој на техника, дисциплина и играчка интелигенција
– Професионална и мотивирачка средина

Кампот е дел од програмите за развој на младите таленти и унапредување на младинскиот фудбал во Македонија.

 10-14 јуни 2026

 Тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје

 Пријави се: https://www.acmilancampskopje.com/register

Време е за твојот следен голем чекор!