Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на поставувањето на камен-темелник на нов продажен маркет на „Лидл“, проект кој е важен за македонската економија и за македонските граѓани.
Порача дека со оваа инвестиција, Македонија добива нова енергија, нови работни места и нова потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите.
-Новиот малопродажен објект на „Лидл“ ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри, со модерен продажен салон од 1.200 квадратни метри и со 57 паркинг места за удобност и достапност на потрошувачите. Ова не се само бројки, тоа е порака дека компанијата влегува сериозно на македонскиот пазар, со визија за долгорочен раст и развој, што впрочем можевте и да го слушнете. Оваа инвестиција се одолговлекуваше и беше заглавена, но токму по изборот на оваа Влада, пред неполни 15 месеци, веднаш се фативме за работа со цел да ги откочиме и ја ставивме меѓу првите приоритети. Затоа сум посебно горд што денес гледаме како една идеја станува реалност. Со тоа ја потврдуваме нашата определба да бидеме Влада која решава проблеми, отстранува пречки и отвора нови можности. Особено ме радува што менаџментот на „Лидл“ ја прифати нашата забелешка за зголемување на застапеноста на домашното производство и македонските производи на полиците на „Лидл“. Тоа е од исклучителна важност – затоа што со тоа не само што се поддржува локалната економија, туку се гради доверба кај потрошувачите дека македонското е најдобро, вели Мицкоски.

Тој сподели уште една добра вест, дека не само на полиците на „Лидл“ во Македонија туку македонски производи се наоѓаат на полиците на „Лидл“ во околните земји.
-Во 2024 година извозот беше околу 5 милиони евра. Очекуваме оваа година, во разговор неформален со менаџментот на „Лидл“, таа бројка да достигне и 10 милиони евра и со време таа бројка да расте. Тоа треба да биде инспирација, поттик и мотив за македонските претприемачи да ги задоволат стандардите на „Лидл“, да произведуваат според стандардите на „Лидл“, а „Лидл“ сигурно дека ќе даде можност и шанса македонските производи да се наоѓаат на полиците на „Лидл“ во околните земји и секаде онаму каде што „Лидл“ ќе има потреба од квалитетни македонски производи. Во исто време, ја промовираме кампањата „Македонско – најдобро“ и денес имаме партнер кој е подготвен да ја сподели истата филозофија. Верувам дека токму тоа ќе ја направи разликата – во квалитетот, во пристапноста и во почитта кон домашното производство. Овој проект не е само почеток на изградба на еден обичен објект. Тоа е почеток на едно ново поглавје во малопродажбата, со нови стандарди, со поголема конкуренција и со подобри услови за граѓаните. Ваквите инвестиции носат повеќе избор, пониски цени и повисок квалитет, а тоа е најголемата придобивка за граѓаните, за секој потрошувач. Денес испраќаме силна порака дека сме земја каде што се вреднува трудот, каде што инвестициите се почитувани и каде што перспективата е реална. Ќе продолжиме со вакви политики, затоа што нашата цел е јасна – да изградиме економија која расте, која вработува, која создава можности и која го подобрува секојдневието на граѓаните. Денес градиме нешто повеќе од еден објект – градиме мост на доверба, партнерство и развој. Сигурен сум дека ова е само еден од неколкуте десетици, стотици, илјадници чекори во долгата и успешна приказна на „Лидл“ во Македонија, порача премиерот.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












