Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за трговија со дрога

40

Врховниот суд реши да го прифати барањето на одбраната и да ја укине пресуда на скопска Апелација со која беше осуден на 3г и 10м затвор и предметот повтроно им го врати на одлучување.

Од Врховен образложуваат дека главната причина за ваквата одлука е што Јованов и неговиот адвокат не биле повикани на апелација при одлучувањето, иако тие тоа го побарале, што, според Врховен, е спротивно на правичното постапување и праксата на Европскиот суд за човекови права.

-Кога апелациониот суд е повикан да испита дали казната на апликантот треба да се зголеми и кога жалбената постапка може да покрене прашања, вклучително и прашања како личноста и карактерот на апликантот, што ја прави таквата постапка од клучна важност за апликантот бидејќи исходот може да биде од голема штета за него. Второстепениот суд не може правилно да го испита случајот без директно да го сослуша жалителот и да стекне личен впечаток за него. – стои во одлуката на Врховен суд по предметот.

Од Апелација пак за Канал 5 велат дека веќе ја примиле одлуката од Врховниот суд и дека е формиран предмет со нов број. Посочуваат дека истиот ќе биде даден на советот кој што постапувал и кој треба ги разгледа насоките од Врховен, по што повторно ќе се изјаснат.

Апелација во февруариму досуди 3 годни и 10 месеци затвор на Васил Јованов, неколку дена по сообраќајката во која ја прегази Фросина, откако првично кривичниот суд лани му одреди само воспитна мерка да оди во поправен дом, како помлад малолетник. За ваквата одлука, судијката Даниела Алексовска Стојановска беше јавно напаѓана и обвинувана за можна корупција и блискост со семејството Јованов, но Судскиот совет не најде ништо спорено во нејизното постапување.

Пресудата на Апелација беше земена во предвид како отежителна околност и вчера при одредувањето на казната од 12 години затвор за сообраќајката, но од Кривичен суд велат дека при изрекувањето на казната судијката не знаела за одлуката на Врховен суд. Дали и какво влијание ќе има за оваа пресуда, повторно ќе одлучува Апалација, со оглед дека одбраната веќе најави жалба.