Компанијата “Toyoda Gosei” разви нов волан за системи за управување без механичка врска (steer-by-wire).
Благодарение на напредниот дизајн, овој волан придонесува за поудобно возење и е компатибилен со новите системи кои овозможуваат чувство на управување од нова генерација, се наведува во соопштението.
Исто така, се посочува дека новиот волан првпат ќе биде вграден во целосно електричното возило “Lexus RZ” од “Toyota Motor Corporation”.
Новиот волан има компактен и модерен изглед, сличен на воланот кај авионите. Ваквиот дизајн е возможен бидејќи кај “steer-by-wire” системите не се потребни повеќекратни вртења на воланот – како при вртење во место или паркирање – бидејќи аголот на тркалата се контролира преку електронски сигнали.
Во развојот на овој волан, “Toyoda Gosei” ги искористила своите знаења во областа на ергономскиот дизајн на волани и обликот на рачките. Воланот може да биде обложен со природна или вештачка кожа.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












