ЦСКА Москва синоќа го совлада европскиот шампион Реал Мадрид (1:0), а тренерот на гостите причината за поразот ја гледа во немањето доволно среќа на неговиот тим.
– Имавме многу шанси, но не успеавме да реализираме. Три пати ја погодивме рамката на голот, се обидувавме на разни начини. Немавме среќа. Натпреварот доби неочекуван тек за нас и се одвиваше како по совршено сценарио за ЦСКА, рече Лопетеги.
Тој побара неговите играчи да не ја губат самодовербата и да продолжат да работата на ефикасноста.
– Ова е рецептот. И натаму ќе играме офанзивно. Фудбалерите ја имаат мојата поддршка. Ќе дојдат и головите и победите, додаде предводникот на Реал Мадрид.
По две рунди во Г-групата од Лигата на шампионите, ЦСКА е прва со четири бода, Реал и Рома имаат по три, Викторија Плзењ е последна со еден освоен бод.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















