Составот на новата влада е пред финален договор.
Според информации од работните групи, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе имаат министри во министерствата за внатрешни работи, за финансии, за транспорт и врски, за образование и наука, за култура, за надворешни работи, за земјоделства, шумарство и водостопанство, за локална самоуправа, за одбрана, за енергетика, за политички систем и други.
Коалицијата Вреди ги добива министерството за животна средина и просторно планирање, а министерот што ќе управува со него во исто време ќе биде и вицепремиер.
Кадри на коалицијата Вреди ќе раководат со Министерството за здравство и Министерството за социјална политика, демографија и млади, со Министерството за економија и труд, со Секторот евроинтеграции, како и со уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.
Претседател на Собранието исто така оди во рацете на коалицијата Вреди. Според информациите од работните групи, и преговорите со ЗНАМ финишираат.
Тие, се очекува да добијат две министерства и тоа Министерство за правда и новото Министерство за администрација.
Се очекува овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада, посочуваат партиски извори.













![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















