Во земјава денеска се регистрирани нови 89 позитивни случаи на коронавирус, и тоа во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-27, Прилеп-1, Тетово-7, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-4, Свети Николе-1, информира Министерството за здравство.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 починати: од Скопје-2, Куманово-2, Тетово-2 и Струга-1, како и 17 оздравени пациенти од кои двајца од Скопје, 12 од Прилеп и тројца од Велес.
Во ГОБ „8 Септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово (54).
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.315, бројката на оздравени пациенти е 1.569, бројот на починати е 140, а во моментов бројот на активните случаи во земјата изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следната:
Скопје – 876, активни 298
Куманово – 467, активни 55
Дебар – 51, активни 0
Штип – 103, активни 68
Прилеп –212, активни 30
Тетово – 217, активни 83
Струга – 84, активни 13
Велес – 130, активни 27
Битола –28, активни 3
Охрид –23, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –27, активни 7
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 4, активни 2
Крива Паланка- 6, активни 0
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 37, активни 6
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 3, активни 1
Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево- 3, активни 0
Делчево-1, активни 0
Валандово -2, активни 1
Виница – 3, активни 1
Кратово-2, активни 0
Берово-1, активни 0
Свети Николе-2, активни 2.
Направените 727 теста се преку: ИЈЗ–446, ЦЈЗ Скопје-53, Авицена–0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев)–9, Систина со PCR метод-117 и МАНУ-102. Досега во земјата се направени вкупно 30.302 тестирања на ковид-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, а хоспитализирани се вкупно 45 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно се хоспитализирани 30 пациенти. На респираторна машина се 3, a со потешка клиничка слика се 9 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување се следат 15 пациенти во стабилна состојба. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.