(18+) Холивудската актерка се соблече гола, многумина ѝ упатија сурови коментари

195

Клои Севињи по секс скандалот на филмот се соблече гола во серијата, па покрена лавина коментари.

Клои Севињи (45), американска актерка и модна дизајнерка, неодамна доби дете со галеристот со српско потекло Синиша Мачковиќ, а сега во последната епизода од серијата во која што гуми се соблече целосно гола.

Имено, таа има 45 години, а со Мачковиќ е во врска помалку од една година, а тоа што малкумина го знаат е дека актерката во минатото имала реален секс пред камерите за потребите на некој филм.

Иако се породила пред само пет месеци, мнoгумина коментираат во негативна конотација на социјалната мрежа Твитер.

Тие велат дека нејзе не треба да ѝ дозволат да се соблекува затоа што изгледа така, и дека итно треба да ја врати својата фигура на тело.

Исто така други коментирaле дека како мајка на дете не треба да си дозволи во сериите и филмовите да се соблекува гола.

Инаку, таа е добитничка на наградата Златен глобус за улогата во филмот „Big Love“, а познато е дека била многу успешна и во други проекти, како што е хит серијата „Американски хорор приказни“.