16-годишниот Вања ја спасил својата мајка од силување: Напаѓачот брутално го повредил, малиот јунак ја изгубил битката за живот

451

16-годишното дете кое ја спасило својата мајка до силување, починало 19 месеци откако напаѓачот му го повредил черепот. Иван Вања Крапивин убаво закрепнувал откако изгубил поголем дел од челната коска во нападот кој се случил во мај минатата година, но пред два месеци добил грип и починал во вторникот.

Детето од местото Северодвинск на северозападот на Русија, дошло дома од училиште и го затекнал соседот над својата мајка Наталија Крапивна, која била натопена со крв. 37-годишниот Роман Пронин ја принудувал жената на секс, па Вања, за да ја спаси својата мајка, земал тег од три килограми и го удрил мажот со него.

Овој го зграбил тегот и го удрил детето со него по глава, по што побегнал, верувајќи дека мајката и детето се мртви. Соседите ги слушнале нивните крици и ги пронашле онесвестени во локва крв.

Вања по нападот бил во кома 9 месеци, додека неговата мајка закрепнувала откако била избодена 27 пати. Хирурзите во текот на операцијата морале да му отстранат дел од мозокот. ТВ водителот Андреј Малков започнал кампања за собирање на пари да се купат титаниумски делови за неговиот череп и да се покријат медицинските трошоци.

Една година по нападот, Вања покажувал знаци дека е свесен, а во јуни почнал да ја препознава медицинската сестра и почнал да јаде течна храна. Еден месец подоцна бил пратен во Москва, во центар за рехабилитација, почнало и собирање на средства за Вања да биде пратен во Шпанија на понатамошно лекување.

Мајката на Вања се соочувала со критики во Русија бидејќи го посетила својот син само неколку пати. Таа се бранела дека не може да се натера себеси да го види, бидејќи се обвинувала самата за нападот. Пред нападот, таа повеќе пати ги молела надлежните да не дозволуваат Пронин, осудениот убиец, да не живее во близина на нејзината куќа по ослободувањето.

Тој по нападот бил осуден на 14 години затвор за обид за убиство на мајката и синот. По смртта на детето, обвинението е сменето во убиство.