10 видови зеленчук кои најмногу ќе ви помогнат да ослабете

2931

Зеленчукот што е богат со протеини, минерали, витамини и растителни влакна, претставува најдобар сојузник во борбата со вишокот килограми.

Консумирајќи зеленчук на дневна основа, ќе забележите значителни промени на линијата веќе во првата недела. А, постојат неколку намирници, кои посебно ќе ви бидат од полза, доколку целта ви е што поскоро да се ослободите од масните наслаги.

Ова се десетте видови зеленчук кои најмногу ќе ви помогнат да ослабете:

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-2.png

Канадска научна студија докажала дека чили пиперчињата не само што го намалуваат апетитот, туку и ја зголемуваат способноста на телото да ги согорува мастите.

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-3.jpg

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-4.png

Зелената пиперка, пак, го потпомага забрзувањето на метаболизмот, што може да резултира со многу поголемо согорување на масните наслаги во пределот на стомакот.

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-5.jpg

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-6.png

Содржи малку калории, поради што е вистинскиот зеленчук за оние кои сакаат да ослабат. За максимален ефект, секогаш консумирајте сиров кромид. Не плашете се од специфичниот мирис, бидејќи постојат навистина делотворни начини за освежување на здивот.

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-7.jpg

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-8.png

Во нивниот состав има голема количина на вода (96%), па се одличен избор за сузбивање на гладта. Кога ќе почувствувате неодолива желба да грицнете нешто, земете неколку парчиња краставица и чаша вода.

Ќе се почувствувате сити, а ќе изедете малку калории. Притоа, внесената течност од краставиците и водата ќе ви помогне и да гo исчистите организмот од токсини.

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-9.jpg

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-10.png

Морковите се чинат како идеални свежи „грицки“. Богати се со бета-каротин, моќен антиоксидант кој има бројни полезности за здравјето. Поседува и терапевтски својства, како што е намалување на холестеролот.

Овој портокалов зеленчук изобилува и со растителни влакна, па консумирајќи сиров морков, всушност му правите огромна услуга на целото тело.

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-11.jpg

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-12.png

Тиквата, пак, ќе ве снабди со нутритиенти и наполни со енергија, кога и да ви е потребна повеќе сила и издржливот за физички активности. Со овој зеленчук на трпезата, излежувањето и таложењето на килограмите немаат никакви шанси. Богата е со витамини А, С, Е, B6 итн.

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-13.jpg

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-14.png

Меѓу другото, сочните домати се извор на витамините C и К. Имаат низок гликемиски индекс, богати се моќни антиоксиданти, ама и мал број на калории.

Со други зборови, внесувајќи ги доматите во редовната исхрана, ќе го спречите оксидативниот стрес, а поттикнете слабеењето.

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-15.jpg

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-16.png

Тие ќе ви обезбедат доволно протеини и влакна, а во некои случаи и железо. Најдобриот начин да ги јадете мешунките е како додаток во салати.

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-17.jpg

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-18.png

Спанаќот, зелјето и брокулата исто така успешно ќе ви ја скротат гладта. Воедно, со зелениот лиснат зеленчук не само што ќе внесете здрави растителни влакна во желудникот, туку и есенцијални витамини и минерали.

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-19.jpg

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-20.png

Слично како и свежите краставици, најголем процент од составот на целерот го сочинува водата (95%), па содржи занемарлив број на калории.  Доколку целта ви е да ослабете, имајте го на ум како совршен избор за храна.

10-vidovi-zelenchuk-koi-najmnogu-kje-vi-pomognat-da-oslabete-21.jpg