Сите треба да внимавате што испраќате преку социјалните мрежи, особено кога станува збор за експлицитни фотографии затоа што тоа може да заврши брутално.
Сето тоа на своја кожа го искусил овој маж кој што на некоја Американка преку Твитер сакал да ѝ испрати фотографија од својот полов орган.
Девојката која што на Твитер го користи корисничкото име „Fruity Ness“, ја објавила кратката конверзација со мажот, па станала ѕвезда преку ноќ.
Откако неименуваниот маж ѝ испратил порака: „Дали би му се смеела на мојот мал пенис“, девојката му одговорила: „Те молам, немој да ми испраќаш фотографија од твојот пенис“.
Меѓутоа, тој ја игнорирал пораката и навистина ѝ испратил фотографија од својот полов орган, но потоа…
Девојката наместо да го блокира или пак да ги избрише пораките, како што поголемиот дел од луѓето би изреагирале, смислила подобар начин.
Таа му испратила лажен ”фабрички одговор”, кој што изгледал како автоматска порака испратена преку Твитер.
Со пораката го преплашила безобразниот маж, заканувајќи му се дури и со полиција, а убедливо најсмешен дел од пораката е: „Доколку мислите дека пораката била грешка одговорете – HELP, или во наредните 24 часа ќе ве контактираат надлежните органи“.
Мажот на тоа одговорил: „HELP“, а девојката му вратила: „Не, е*и се!“.