Зои Кравиц како Жената- Мачка во Бетмен: Жешка и со канџи

80

Можеби најочекуваниот филм оваа година… Гледачите веќе имаат можност да видат дел.

Режисерот и сценарист на новиот „Бетмен“, Мет Ривс го промовираше првиот трејлер на панелот на DC FanDome настанот во саботата.

Трејлерот главно се фокусира на Загатнувачот (The Riddler, кој го глуми Пол Дано), кој остава низа смртоносни загатки за Бетмен и комисионерот Гордон (Џефри Врајт), но нуди на гледачите и кратка претстава како ќе изгледа Зои Кравиц во улогата на Жената-мачка. Токму за неа велат дека ќе распали во филмот затоа што костимот е совршен за нејзниото тело, работен според нејзините пропорции и секако, многу „жежок“.

Публиката конечно има целосна претстава како ќе изгледа Роберт Патинсон во костимот на Бетмен. Во трејлерот е претставен бруталниот пристап на Бетмен во борбата со криминалот.

Во дискусијата за новиот трејлер, режисерот вели дека „приказната нема да биде целосно за почетокот на Бетмен, туку е повеќе опфатена „втората година“ од неговото појавување, кога самиот Бетмен и неколкуте познати карактери како Жената-мачка, Загатнувачот и Пингвинот (го глуми Колин Фарел) се сѐ уште во раните фази од нивниот карактерен развој.

Поради пандемијата со Ковид-19, снимањето на филмот беше стопирано, но снимени се околу 25% досега, па планирано е тимот да се врати на сетот веќе во септември. Сѐ уште нема конкретен датум за премиерата на филмот, но познато е дека ќе биде во 2021.