Златото повторно избега: Зверев го победи Ѓоковиќ во Токио!

182

Александар Зверев закажа меч за златен медал со Карен Качанов, по денешното изненадувачко славје против Новак Ѓоковиќ (1-6, 6-3, 6-1) во рамки од полуфиналето на Летните Олимписки игри во Токио.

По само 38 минути српскиот тенисер поведе во најтешкиот дуел на турнирот. Германецот немаше одговор на неговата игра и загуби два сервиси, притоа не искористи една брејк шанса на почетокот.

Зверев Александар

24-годишникот од Хамбург започна да игра со нервоза, која за негова среќа не му наштети во продолжението од мечот. Прв до брејк во вториот сет стигна Србинот, но противникот возврати во шестиот гем и тоа со одземање на сервисот без загубен поен. Тоа донесе серија на германскиот ас, кој врза четири гема во низа и го однесе мечот во одлучувачки сет.

Новак Зверев

Добрата серија на германскиот претставник продолжи во третиот сет. Веќе на стартот поведе со 1-0 и имаше сервис за потврда на брејкот, што успеа да го направи по долга борба. Ѓоковиќ никако не можеше да го одбрани својот сервис. Тоа му ја олесни работата на Германецот, кој со сигурна игра на својот сервис обезбеди место во неделното финале. Првиот светски рекет одново остана без златен медал и ќе игра за бронза против Пабло Карено-Буста.