Заев: Република Северна Македонија за севкупна употреба

952

Имаме историско, вековно решение. Градиме пријателство меѓу двете земји, коие никогаш не било поголемо. Решаваме две ипол децениски спор, за да ја извлечеме нашата земја од стегите на изолацијата, кој земјата ја влечеше надолу, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференција.

-Се одваживме и продолживме напред. Нема веќе ФИРОМ, решаваме вековно прашање. Нашата добивка е бесценета. Република Северна Македонија за севкупна употреба, ќе се прецизира со амандман во Уставот, рече Заев.

Со договорот се гарантира дека на есен ќе има референдум, рече Заев.